Баерн Минхен договори уште еден одличен фудбалер!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Баерн Минхен во свои редови го донесе Леон Горецка.

Одличниот 22-годишен фудбалер на Шалке ги договори условите со Баерн со кој потпиша договор кој ќе важи од наредното лето.

Горецка во редовите на Баерн ќе пристигне како слободен играч, па така Шалке остана без уште еден талентиран фудбалер.

Младиот фудбалер е еден од најталентираните германски фудбалери. Претходно се поврзуваше со Ливерпул и Барселона, но тој на крајот се одлучи за Баерн.