Прандели доби отказ во Ал Наср


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот тренер Прандели доби отказ. Поранешниот селектор на Италија има проблеми откако замина по СП 2014. Го водеше Галатасарај на само 16 натпревари и доби отказ, а потоа беше и во Валенсија на 10 натпревари и самиот даде отказ.

Во мај 2017 доби работа во Ал Наср, но во досегашниот дел од сезоната имаше само 5 победи на 12 натпревари и доби отказ.

Да потсетиме, Прандели во кариерата ги има водено уште и Лече, Верона, Венеција, Парма, Рома и Фиорентина.