Зошто Санчез го одбра Јунајтед? Ова се бројките, а како ли се чувствува Роналдо?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите открија конкретна сума која предизвика сомнеж, а можеби и покажува колку Мурињо сакаше да го украде Санчез од Гвардиола.

Додека некои продавници на Јунајтед веќе продаваа дрес со името на Санчез, се очекува официјална потврда.

Санчез за четири и пол години ќе го чини богатство Манчестер и навистина е прашање дали ќе им се исплати овој трансфер.

Санчез освен што ќе стане најплатен фудбалер во историјата на Премиер лигата, до дно ќе ја испразни касата на Јунајтед.

Трансферот изнесува 30 милиони фунти, плус Михтаријан од кого сакаа да се ослободат.

Чилеанецот добива 14 милиони нето, а уште 13 плаќа на име на клубот за данок. Па така, платата на Санчез ќе биде 27 милиони фунти и тоа го прави трет најплатен во светот, зад Меси и Нејмар.

Тој добива и 20 милиони за потпишување на договорот, како и 10 милиони за провизија на Феличевиќ.

Со половина милион фунти неделно, Санчез ќе зема 200.000 фунти повеќе од Погба.

Кога се ќе се пресмета, трошоците од овој трансфер се 180 милиони фунти евра и тешко дека ќе видиме ваков трансфер во скоро, не само во ПЛ, туку во светот.

Санчез ќе добие двојно поголема плата од Азар и три пати повеќе од Озил.