Големо засилување за Бенвенто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Бенветно денес објави дека во клубот пристигнал бразилскиот интернационалец и некогашен член на Тотенхем, Сандро.

Сандро во последнопласираниот тим од Серија А доаѓа на шестмесечна позајмица со можност за перманентен трансфер следното лето.

Играчот од средниот ред е доста искусен фудбалер со настапи во Премиер Лигата, Лигата на шампионите и репрезентацијата на Бразил за која настапил 18 пати.

Сандро во Бенвенто доаѓа од турскиот тим Анталијаспор каде игра од сезоната 2016/2017.