Гвардиола планира четири засилувања, јануари ќе биде подобар од јуни за „граѓаните“?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити ќе го засили својот тим, а Гвардиола откако го испушти Санчез, сега си најде нови засилувања за тимот.

Гвардиола остана без Санчез, но како што објаснува, нема да бара класичен напаѓач.

„Ни беше потребен играч кој може да игра на повеќе места во нападот, не ни треба класичен напаѓач затоа што имаме двајца“, вели Гвардиола.

Медиумите го поврзуваат со ПСЖ, но такво нешто нема да се случи. Шпанецот веќе го планира преодниот рок, знае што му е потребно и ќе се обиде да го донесе во јануари.

Еден стопер се подразбира, како и лев бек затоа што Менди е повреден, а сега остана и без Делф.

Се зборува за Џони Еванс, но и Рајан Бертран кој претходно играше за Челси и има големо искуство.

Освен тоа, Гвардиола планира да го донесе Фред во редовите на „граѓаните“, а за завршување на преодниот рок го остави напаѓачот, а се шпекулира дека е заинтересиран за Гризман за кој веќе интерес покажа Барселона.