Го одби Берлускони поради политиката, а сега дали ќе го превземе Милан?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во минатото пропушти шанса поради политичките убедувања, но сега е сменета ситуацијата во „Росонерите“, па се зборува дека Маурисио Сари повторно ќе има шанса да пристигне во Милано.

Милан нема надеж дека ќе го донесе Конте на клупата, но затоа нивна прва мета е Сари, кој има договор со Наполи и заработува околу 1.7 милиони евра со бонуси, а во Милан би добил три пати повеќе.

За да го добијат „Росонерите“ ќе мора да платат 8 милиони евра, но се зависи од тренерската одлука.

Од друга страна, Сари го одби веќе еднаш Милан, во време кога беше тренер на Емполи поради политички причини.

Десничарските ставови и партијата на Берлускони се во директна спротивност со гледањето на светот на Сари и поради тоа ја одби понудата која ја имаше во минатото.