Падна таен договор, Барселона добива нова „седмица“!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишуваа медиумите во претходните денови, очигледно Барселона и Атлетико Мадрид се договорија за трансферот на Гризман.

„Спорт“ пишува дека Французинот во наредната сезона ќе игра во Барселона затоа што постигнал таен договор со Каталонците.

Претседателот Бартомеу веќе преговарал со Гризман и му признал дека тој е негова најголема желба и дека ќе се обиде трансферот да го реализира на два начина.

Прва е понудата на Барселона без плаќање на клаузулата за да го испочитуваат Атлетико Мадрид, а потоа ако остане само тоа опција, тогаш ќе платат 100 милиони евра и со дозвола на Гризман ќе го завршат трансферот.

Атлетико нема да прави проблеми за Гризман затоа што претседателот Марин му ветил дека ќе го пушти кога минатото лето потпиша нов договор со клаузула од 200 милиони евра.

Трансферот ќе се реализира во текот на СП во Русија затоа што преодниот рок се отвора на 1 јули, а на 14 започнува Мундијалот.