Легендата на „ѓаволите“ ќе се пензионира и ќе остане покрај Мурињо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик ќе се пензионира на крајот на сезоната.

Керик е надвор од терените од минатата година затоа што мораше да прави операција поради мал срцев проблем.

Тој тренира со тимо, а ќе одигра уште некој натпревар до крајот на сезоната и потоа следува пензија, па тренерска позиција во Јунајтед.

Мурињо потврди дека Керик го прифатил неговиот повик да стане дел од стручниот штаб.

Легендата во клубот пристигна во 2006 година од Тотенхем и одигра 459 натпревари за Јунајтед.