Манчестер Јунајтед и ПСЖ во трансфер битка за екс француски репрезентативец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишува „Ле Паризиен“ ПСЖ се соочува со сериозна конкуренција од Манчестер Јунајтед во намерата да го донесе Ласана Диара во своите редови.

Поранешниот играч на Челси, Реал Мадрид и Арсенал е слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со тимот на Ал Џазаира од Обединетите Арапски Емирати.

ПСЖ го посакува Диара во кого гледаат идеално решение за средината на теренот до следното лето кога ќе се обидат во своите редови да го донесат фудбалерот на Челси, Нголо Канте.

Мурињо пак потврди дека Керик ја игра последната сезона на „Олд Трафорд“ па во Диара видел идеално решение за негов наследник.