Барселона и Интер постигнаа договор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Како што пишува Марка, Барселона и Интер постигнаа договор за трансферот на Рафиња на „Џузепе Меаца“.

Двата клуба се договориле за шестмесечна позајмица на 24 годишниот бразилски интернационалец со можност за откуп на неговиот договор следното лето. Интер ќе може да го потпише Рафиња за сума од 35 милиони евра.

Според најавите Рафиња утре ќе пристигне во Милано, а на лекарски прегледи ќе замине во понеделник по што треба и официјално да стави потпис на договор.