Барселона негираше договор со Гризман


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона издаде официјално соопштение со кое ги негираше информациите пласирани во медиумите дека постигнале таен договор со Атлетико Мадрид за Ентоан Гризман.

Во соопштението пишуваше: „Барселона ги негира информациите кои се појавија претходниве неколку часа во различни медиуми кои велеа дека играчот на Атлетико Мадрид, Ентоан Гризман постигнал договор со нашиот клуб.

Барселона изразува забелешки по повод овој настан и ја потврдува својата целосна почит кон тимот на Атлетико Мадрид“.

Утрово како бомба одекна веста дека Барселона го договорила Гризман и дека тој ќе ја носи седумката во дресот на Каталонците.