Ваков потег не се простува: Бонучи стана главен непријател на навивачите на Јувентус(ФОТО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Леонардо Бонучи ова лето одлучи да го напушти Јувентус каде што беше еден од омилените играчи на навивачите и својата кариера ја продолжи во лутиот ривал Милан.

Бонучи е сигурно еден од најдобрите дефанзивци во Италија и покрај неговата лоша форма во моментов, а многумина ги шокира неговиот потег да го напушти Јувентус и да премине кај „Росонерите“.

Познато е дека „Старата дама“ има официјално освоено 33 титули, но во клубот секогаш велат дека имаат 35. Секако, две им се одземани пред десет години кога Јувентус беше обвинет за местење на натпревари, а поради тоа беше исфрлен и во Серија Б.

Интересно е тоа што Бонучи на својата официјална страна имаше слика на која ја држи 34 титула во Серија А, но одлучил тоа да го смени. Очигледно работите во Милан се поинакви и дека таму не се признаваат одземените титули, па Бонучи постави фотографија на која го држи бројот 32.

Овој потег ги разочара навивачите на „бјанконерите“ кои му кажаа на Бонучи дека никогаш повеќе нема да биде пречекан со аплаузи.