Кутињо конечно му се приклучи на тимот на Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вечерва играат на гости против Бетис во рамки на 20 коло во Ла Лига.

Навивачите на Каталонците ниту вечерва нема да ги видат Кутињо и Мина кои во овој преоден рок го засилија тимот. Валверде сеуште не знае дали да го става Мина под притисок додека не има неколку тренинзи, а добри вести за Барселона се тоа што Кутињо конечно се приклучи на тимот.

Бразилецот во Барселона пристигна со полесна повреда поради која не тренираше со тимот. Меѓутоа, Кутињо конечно започна со тренинзи, а по се изгледа дека неговите нови соиграчи го пречекале со „раширени раце“.