„Рафиња ќе го прави тоа што го сака во клуб како Интер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таткото на Рафиња потврди дека играчот за врска на Барселона ќе се приклучи на Интер.

Тие се блиску до трансфер на Рафиња на позајмица со опција за откуп на крајот на сезоната за 35 милиони евра плус три милиони за бонуси, а Мазињо, таткото на Рафиња ги откри причините за заминување на неговиот син од Барселона.

„Рафиња сака да се приклучи на Интер затоа што сака да игра фудбал. Тешко може да се наметне во Барселона затоа што имаат голем број на фудбалери, а исто така немаше среќа со повредите на коленото“, вели неговиот татко.

Рафиња постигна 11 голови во 79 натпревари за Каталонците, но имаше само еден настап по рехабилитацијата од тешката повреда на коленото.