Трансферот на Санчез ќе има последици, а сега Погба е на ред!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Јасно е дека трансферот на Санчез ќе ги помести некои граници. Англиските медиуми пишуваат дека веднаш се појавил Раиола со ново барање.

Според информациите, Алексис ќе заработува половина милион евра неделно, а агентот на Погба бара да се зголеми платата на неговиот играч. Да потсетиме, кога пристигна во Јунајтед, Французинот беше најплатен фудбалер, но работите се сменија.

Потоа дојде Ибра како слободен играч и имаше поголема плата од Погба, но со трансферот на Санчез, „апетитите“ се зголемија.

Погба нема ништо да каже, но затоа Раиола ќе го притисне Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе успее да го натера тимот да му ја зголеми платата на Погба.