Вотфорд го отпушти Марко Силва


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од таборот на Вотфорд денес официјално соопштија дека нивниот досегашен предводник, Марко Силва заработил отказ.

На ваквиот чекор од управата на клубот се одлучиле по катастрофалната серија на тимот кој забележа само една победа во последните 11 натпревари.

Марко Силва беше најсериозен кандидат за клупата на Евертон пред два месеци, а наводно Португалецот бил заинтересиран да биде нов тренер на „Карамелите“. Сепак, од Вотфорд не дозволиле тој да замине на „Гудисон Парк“.

Од тогаш резултатите на тимот беа доста лоши, па од таборот на „стршлените“ се решија дека отказот за Силва во моментов е најправилното решение.

Скај Спортс пренесува дека Вотфорд веќе го договори наследникот на Португалецот и новиот тренер за прв пат ќе работи во Премиер Лигата.