Наполи минимално во дербито против Аталанта


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи славеа на гостувањето кај Аталанта со 1:0, а единствениот погодок на средбата го постигна Дрис Мертенс.

Ова беше важна победа за Наполи на тешкото гостување во Бергамо и така го задржа лидерското место во Серија А.

Белгискиот интернационалец погоди на средината на второто полувреме по одличната асистенција на Хозе Каљехон.

Во овој момент Наполи е прв на табелата со 54 бода пред Јувентус кој има 50, но и еден натпревар помалку.