Челси заинтересиран за напаѓач од Барнли


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ од редовите на Челси пројавиле интерес и за напаѓачот на Барнли, Ешли Барнс.

„Сините“ се во потрага по напаѓач кој треба да биде резервна опција за Алваро Мората откако Мичи Батсуаи не ги исполни очекувањата и е пред заминување од клубот. Челси во овој јануари се распрашувал за Енди Керол, Питер Крауч и Един Џеко, а од денес наводно стартувале преговори и со голгетерот на Барнли, Барсн.

28 годишниот фудбалер има уште 18 месеци од неговиот договор со Барнли, а клубот за него би барал околу 14 милиони фунти.