Мајсторија на Арда на неговото деби за Басакшехир (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Арда Туран го имаше своето официјално деби за својот нов тим,  Басакшехир на гостувањето кај Бурсаспор.

Сега веќе поранешниот играч на Барселона во игра влезе во 65. минута на местото на Мосоро, добивајќи ги првите минути оваа сезона.

Туран во 86. минута погоди на своето деби откако одлично си создаде простор и со маестрален удар ја смести топката зад грбот на Текин.

Басакшехир со убедливи 3:0 славеше на овој натпревар и остана на врвот во турската Суперлига.