Борко: Шпанија не спушти на земја, мораме да дадеме 200% за да успееме понатаму


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Нашата репрезентација денес беше декласирана од селекцијата на Шпанија.

Шпанците славеа со убедливи 11 голови разлика, после натпреварот голманот Ристовски изјави дека го смета овој пораз за лекција, посебно за младите ракометари на кој селекторот Раул им даде шанса на оваа средба.

„Денес Шпанија одигра фантастична одбрана, овој натпревар можеби доаѓа во вистинско време да не спушти на земја и да не врати во реалноста. Оваа средба можеме да ја сметаме за одлична лекција, посебно за младите ракометари Одигравме колку што тие ни дозволија, Шпанија е Шпанија и знаеше како да ги искористи грешките кои ги правевме“, изјави Ристовски.

Македонија следниот натпревар го игра против селекцијата на Чешка во вторник.