Ништо од Реал, Кепа го продолжи договорот со Атлетик Билбао


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Ателтик Билбао Кепа Аризабалага го продолжи договорот со овој тим до јуни 2025 година.

Тоа става крај на шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Реал Мадрид овој јануари. Зидан беше заинтересиран за младиот чувар на мрежата и се зборуваше дека уште во јануари тој ќе се пресели на „Бернабе“, но до тоа веројатно нема да дојде.

Младиот репрезентативен чувар на мрежата на Шпанија во новиот договор има откупна клаузула од 80 милиони евра, па доколку Реал сака да го ангажира на лето ќе мора да ја испорача таа сума на тимот од Баскија.