ВИДЕО: Моментот кога се повреди Кире Лазаров


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Покрај високиот пораз од Шпанија, нашата репрезентација доживеа многу поголем пех затоа што во 11. минута од тој натпревар се повреди нашиот најдобар играч, Кире Лазаров.

Нашиот ас се жалеше на мускулни проблеми во задната ложа при еден доскок уште во раната фаза од натпреварот.

Денес Кире е на детални медицински прегледи во Загреб кои треба да покажат дали тој ќе може да го продолжи првенството. Најавите, за жал се дека натпреварот со Шпанија ќе биде последен негов на овој континентален собир.

Сепак, има мала надеж која вели дека Кире би можел да биде подготвен за натпреварите со Чешка и Данска.

Погледнете го моментот кога се повреди Кире Лазаров: