Бомба од Италија, Челси денес носи две засилувања од Рома


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека Челси би можел да ги комплетира трансферите на Един Џеко и Емерсон Палмиери во текот на денешниот ден.

Челси испратил подобрена понуда во последните неколку часа и веројатно ќе го вклучи и Мичи Батсуаи во истата со цел да ги добие фудбалерите во своите редови.

Агентот на Џеко се очекува да пристигне во Лондон во текот на денешниот ден, додека агентите на Палмиери ја чекаат разврската помеѓу двата клуба затоа што наводно се договориле со Челси за нивниот клиент.

Рома за двајцата фудбалери бара 50 милиони евра плус десет милиони во бонуси.