Затворот не го спречува: Робињо се врати во европскиот фудбал!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешната ѕвезда на светскиот фудбал е повторно во центар на внимание.

Робињо се врати во европскиот фудбал и ќе игра во клуб од Турција. Сиваспор ги заврши деталите околу трансферот, а утре ќе потпише договор.

Овој тим се натпреварува во турскиот шампионат, па се пофали со своето ново засилување на Твитер.

Робињо имаше проблеми, беше осуден на девет години затвор по нападот на една Албанка, но очигледно тоа не го спречува и понатаму да игра фудбал.

Овој 33-годишен фудбалер досега има играно за Сантос, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Милан, Гванжу и Атлетико Минеиро.