Шведска ја растури Белорусија и остана во трка за полуфинале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Шведска сосема очекувано славеше убедлива победа против Белорусија со 29:20 во вториот денешен натпревар од групата која се игра во Загреб.

Швеѓаните со оваа победа останаа во трака за полуфиналето, но за тоа да се случи ќе мора да ја победат репрезентацијата на Норвешка, но и да се надеваат  на победа на Франција над Хрватска.

Швеѓаните уште од стартот ја имаа контролата врз резултатот и во раниот дел од натпреварот беше јасно дека ќе ја однесат победата од овој натпревар. Најефикасни во репрезентацијата предводена од Кристијан Андерсон беа Ване и Лагергрин со по четири постигнати погодоци.