Венгер потврди дека преговараат за Обамејанг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер потврди дека преговараат со Борусија Дортмунд за услугите на Пјер Емерик Обамејанг.

Интернационалецот од Габон се поврзува со трансфер на „Емирати“ како замена за Алексис Санчез кој вчера го комплетираше трансферот во Манчестер Јунајтед.

„Никогаш не знаете колку сте блиску до реализација на трансферот. Трансферите се такви работи. Тој (Обамејанг) е една од можните опции, но ние имаме и други во мислите. Се уште не е донесена конечната одлука. Во овој момент ние не сме блиску до договор за Обамејанг или некој друг“ –коментираше Венгер.

Претставници на Арсенал веќе трет ден се во Германија каде се обидуваат да го договорат трансферот на 28 годишниот офанзивен играч кој два натпревари со ред е изоставан од тимот на Борусија Дортмунд.