Де Геа се огласи по повод заминувањето од Манчестер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на репрезентацијата на Шпанија и Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, повторно се наоѓа на мета на Реал Мадрид. Познато е дека Де Геа минатото лето имаше договор со Реал Мадрид, но трансферот пропадна поради административен пропуст.

“Кралевите” не се откажуваат од услугите на овој голман и ќе се обидат да го доведат во овој преоден рок.

Сепак, шпанскиот голман повеќе нема намера да заминува од Јунајтед и се радува на приликата што ќе соработува со Жозе Мурињо.

“Сакам да останам во Манчестер Јунајтед и чест ми е што ќе имам прилика да соработувам со Жозе Мурињо. Сепак, доколку клубот сака да ме продаде, јас не ќе можам ништо да направам”– изјави Де Геа.

Доколку управата на Јунајтед одлучил да го продаде шпанскиот голман од него би заработиле околу 50 милиони евра.