Македонија ги добива противниците за Лигата на нациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес точно напладне во Лозана ќе се одржи ждрепката за групите во Лигата на нациите.

Нашата репрезентација се наоѓа во најслабата Лига Д и е носител во истата што значи дека имаме голема шанса да добиеме послабо рангирани противници од нас.

Системот на натпреварување е јасен, првопласираните екипи од сите четири групи во Лигата Д ќе играат полуфинални бараж средби, а потоа најдобрите две ќе вкрстат во финалето. Победникот на Лигата Д ќе обезбеди директен пласман на следното Европско првенство.

Селекторот Ангеловски пред ждрепката истакна дека ќе сторат се да ја оправдаат фаворитската улога и да обезбедат пласман во плеј-офот.

 “Македонија е носител во групата и сеедно против кои противници ќе играме ќе дадеме се од себе да ја оправдаме фаворитската улога, да го освоиме првото место и да обезбедиме пласман во плеј-офот. Лигата на нации е наша шанса, ова натпреварување ни дава прилика за нов голем успех на македонскиот фудбал. Оваа генерација е созреана за тоа”- заклучи Ангеловски.

Лигата на Нациите ќе започне на 6. септември оваа година и ќе трае до 20 ноември. Натпреварите ќе се играат паралелно со квалификациските, а ќе бидат сместени во термините за пријателски средби.