Македонија ги доби противниците во Лигата на нациите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Македонија ги дозна противниците со кои ќе се соочи во рамките на Лигата на нациите.

Познато е дека нашата репрезентација се наоѓа во Лигата Д, а по денешната ждрепка се знае дека ќе играме во групата 4 заедно со Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар.

Нашите репрезентативци имаат реални шанси за првата позиција во групата и пласман во плеј-офот по кој би требало да се борат за единствената позиција за пласман на ЕП.

Од вториот шешир ја добивме најнепосакуванта селекција на Ерменија, но од нашиот табор се задоволни со ждрепката и велат дека ќе ја оправдаат фаворитската улога.