Баерн го реши тренерското прашање: Пристигнува менаџер кој го водеше лутиот ривал!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По промашувањето со Анчелоти и враќањето од пензија на Хејнкс кој ќе ја заврши сезоната, Баерн бара и понатаму тренер за наредната сезона.

Како прва мета е Нагелсман од Хофенхајм, но сметаат дека е многу рано за него и дека нема доволно искуство. Некои мети како Клоп и Лев се нереални затоа што двајцата имаат договори.

По се изгледа дека Баерн Минхен ќе го донесе Томас Тучел од Дортмунд.

Тој претходно го наследи Клоп во Дортмунд, две години беше на клупата, а обвинет е за спротиставување на претседателот Вацке но и на неколку играчи.

Сега тој чека нов ангажман, одби некои понуди од ПЛ, а по се изгледа ќе го превземе Баерн.