Ал Келаифи: Нејмар ќе замине од ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бразилецот останува мета на шпанскиот гигант, а трансферот ќе му биде одобрен ако во Париз ја донесе европската титула.

ПСЖ е подготвен да го пушти Нејмар во Реал Мадрид ова лето ако „Светците“ успеат да ја освојат титулата во ЛШ.

Претседателот на ПСЖ, Ал Келаифи вети дека Бразилецот ќе го пушти да се врати во Шпанија, откако Нејмар претходно кажа дека сака да заигра за „кралскиот клуб“.

Нејмар минатото лето пристигна во ПСЖ за неверојатни 222 милиони евра од Барселона.