Уште еден репрезентативец во Серија А: Муслиу му станува соиграч на Пандев


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово „TuttoMercatoweb“ пренесе информација дека репрезентативецот на Македонија и сега веќе екс член на Вардар, Висар Муслиу е пред трансфер во редовите на Џеноа.

Медиумот пишува дека преговорите меѓу лицата на Џенова и Муслиу се во напредна фаза и дека набрзо се очекува договор. Италијанскиот клуб ќе треба да плати мала тренинг компензација на Вардар од 200.000 евра.

Агент на Висар Муслиу е Италијанецот Леонардо Корси кој во моментов е во Италија и го финализира договорот со клубот во кој настапува и Горан Пандев.