Наполи го договори Јунес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Амин Јунес во моментов се наоѓа на медицински прегледи во Наполи по што и официјално треба да се реализира неговиот трансфер во Италија од Ајакс.

Германскиот крилен фудбалер требаше да се приклучи на тимот на Сари во текот на летниот преоден рок како слободен агент, но  Де Лаурентис се одлучи да плати пет милиони евра на Ајакс за да го обезбеди неговиот потпис овој јануари.

Јунес кој е роден во 1993 година веќе е во медицинскиот центар Вила Стуарт и се очекува во текот на денот и официјално да биде презентиран како нов фудбалер на Наполи.

Клубот веројатно ќе го напушти Гјачерини кој е пред потпис со тимот на Киево.