Драматичен натпревар во Загреб, Шведска е вториот патник во финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Шведска се пласираа во финалето на Европското првенство во Хрватска. Тие вечерва во Загреб во полуфинален натпревар го победија големиот ривал Данска по продолженија со резултат 34:35 и против Шпанија ќе се борат за европски шампион.

Шведска доминираше во првиот дел, а Данска дури пред крајот на првото полувреме успеа да намали на 14:16 и така заминаа на пауза.

Во вториот дел повторно гледаме драматично продолжение и голема борба помеѓу двата ракометни ѕверови, а Шведска на две минути пред крајот доаѓа до три голови разлика.

Данска сепак успева да се врати во живот на крајот и израмнува на 28:28 и така заминуваат на продолженија.

Големо возбудување беше видено и во продолжението. Се бореа двете селекции максимално, а Данците константно имаа предност пред големиот ривал, но фантастичниот Палицка со одлична одбрана ја донесе Шведска во предност од 31:30 по првите пет минути.

Сепак, грешките и промашувањата скапо ги чинеа Данците и на крајот Шведска заслужено се пласираше во финалето со 35:34, каде што ќе се бори против Шпанија додека во борбата за трето место ќе се соочат Данска и Франција.