Неверојатно: Монако го ангажираше најскапиот тинејџер во историјата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Монако го реализираше трансферот на младиот талент на Џенова, Пјетро Пелегри за сума од 25 милиони евра.

Оваа вест ја потврди Ди Марцио, кој вели дека младиот Италијанец ќе потпише договор на пет години со францускиот гигант.

Пјетро Пелегри е најмладиот стрелец во историјата на Серија А, а оваа сезона успеа да постигне два голови во дресот на Џенова во италијанското првенство.