Македонија го доби противникот во баражот за Мундијалот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во бараж натпреварот за Светското првенство што ќе се одржи во Германија и Данска. На ждрепката во Хрватска нашите момци за противник ја добија селекцијата на Романија.

Првиот натпревар ќе го играме од 8 до 10 јуни на гостински терен, а реванш средбата ќе биде на 12 до 14 јуни во Скопје.

Македонија може да биде задоволна со денешната ждрепка  по која имаме шанса за учество на четврто по ред Светско првенство.