„Старата дама“ ќе пазарува во Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион на Калчо лигата, Јувентус остана без Пауло Дибала за кој се зборува дека има тешка повреда и ќе пропушти голем дел од сезоната.

Менаџерот на клубот од Торино, Алегри кажа дека Дибала би можел да отсуствува три месеци, а тоа практично значи крај на сезоната за него.

Поради тоа, италијанските медиуми тврдат дека Јувентус би можел да се обиде да го донесе Караско од Атлетико Мадрид. Цената на Белгиецот изнесува 100 милиони евра, а го сака и Рома, но тој вреди многу помалку затоа што Симеоне не смета на него.

Караско наводно би го чинел тимот на „Старата Дама“ 40 милиони евра и тие се подготвени да го донесат.