Кејн спречи сензација, Тотенхем се спаси против четвртолигаш


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тимот на Тотенхем беше голем фаворит на гостувањето кај четвртолигашот Њупорт Таун во рамките од петтото коло д ФА Купот. Сепак избраниците на Покетино се мачеа и обезбедија нов натпревар со гол во 83. минута.

Се очекуваше голема и лесна победа на „петлите“, но на крајот испадна да се спасуваат од пораз со голот на Хари Кејн на седум минути до крајот на натпреварот.

Њупорт до водство стигна во 38. минута откако убавата акција со гол ја заврши Амонд. Избраниците на Покетино се до 83. минута беа немоќни, а до крајот се обидоа да постигнат уште еден гол но не успеаја во тоа и ќе има нов натпревар кој ќе одлучи кој ќе оди во следната фаза.

ФА Куп:

Петерборо- Лестер 1:5

Хадерсфилд- Бирмингем 1:1

Хал- Нотингем 2:1

Миделсбро- Брајтон 0:1

Милвол- Рошдејл 2:2

МК Донс- Ковентри 0:1

Нотс Каунти- Свонси 1:1

Шефилд Јунајтед- Престон 1:0

Саутемптон- Вотфорд 1:0

Виган- Вест Хем 2:0

Њупорт- Тотенхем 1:1