Ливерпул ги „ситни“ шансите за трофеј, ВБА го замолкна „Енфилд“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Ливерпул се прости од уште една шанса за трофеј оваа сезона затоа што вечерва на својот „Енфилд“ беа поразени од ВБА со 3:2.

Натпреварот помеѓу овие екипи беше одличен и полн со прекрасни погодоци. Ливерпул поведе прв преку Фирмино кој го лобуваше Фостер. Радоста на домаќините траеше само 60 секунди затоа што Џеј Родригез веќе во следниот напад ја затреси мрежата на Ливерпул.

Во 11. минута следуваше целосен пресврт. Уште една одлична акција во гол ја претвори Родригез за водство од 2:1. Потоа ВБА постигна уште еден гол кој беше поништен по прегледување на ВАР снимките поради офсајд.

Во продолжението на првиот дел ВБА стигна и до третиот гол. Автогол си постигна Матип за сигурна предност на избраниците на Тони Пјулис на полувреме.

Ливерпул во продолжение тргна на се и ништо, но се што направи беше голот на Мухамед Салах во 78. минута за 3:2