Алегри се кае по големиот број повреди: Не требаше да го пуштиме Пјаца!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на актуелниот шампион во калчолигата, Јувентус, Алегри по победата против Киево тврди дека со многу тешко стигнале до победата.

„Беше многу полесно откако добија два црвени картони. Ние бевме многу бавни и не успевавме да стигнеме до замислената цел. Сепак на крајот победивме и ги осигуравме новите три бодови“, вели тој.

Квадрадо го чека операција и најверојатно долга пауза, а на прашањето за хрватскиот фудбалер, Пјаца и повредите на останатите фудбалери, Алегри одговори:

„Лесно е сега да се каже дека не требаше да го пуштиме. Но тој замина во Шалке за да добие поголема минутажа во првиот тим. Ќе видиме што ќе биде со Квадрадо, а Дибала би требало да се врати за 20 денови“, додава Алегри.