Проблеми за ПСЖ: Заработете 70 милиони евра или збогум од ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клубот од Париз и актуелен лидер во француската Лига 1, ПСЖ се соочува со големи проблеми со УЕФА и ФФП.

Тие треба да се ослободат од некои играчи, а најзвучни имиња кои треба да заминат од клубот се Пасторе, Мура и Ди Марија, па ПСЖ така би ги заработил потребните 70 милиони евра.

Откако ПСЖ потроши неверојатни 222 милиони евра за Нејмар, како и трансферот на Мбапе, јасно беше дека ќе се најдат во големи проблеми поради кршење на финансискиот фер плеј.

ПСЖ од тогаш нема продадено ниту еден играч и поради тоа тие сега имаат рок до 30 јуни да заработат 70 милиони евра од продажба на играчи, а ако не успеат од тоа, УЕФА ќе ги исфрли од европските натпреварувања.