„Нокаут“ за Интер во 90 минута: Продолжува катастрофалната серија на „Нераѕурите“!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првиот денешен натпревар од 22 коло во Серија А, СПАЛ и Интер ги поделија бодовите, откако одиграа нерешено 1:1! Интер водеше од почетокот на второто полувреме, а домаќинот до ремито стигна во 90 минута.

Првото полувреме помина со поконкретна игра од Интер, кој беше најблиску до водство во 14 минута, Кандрева беше во одлична ситуација, но неговиот удар го сопре чуварот на мрежата на домашниот тим Мерет.

Во вториот дел Интер стигна прв до водство по еден центар-шут во казнениот простор на Кансело, а Франческо Викари реагираше лошо, па топката наместо во корнер, ја смести во сопствениот гол.

Сепак во 90 минута од натпреварот, Антенучи одлично центрираше за Палоски, кој погоди за израмнување на 1:1 и го шокираше Интер.