Муслиу нов член на Шкендија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шкендија и официјално го потврди трансферот на Висар Муслиу кој во Тетово доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на косовска Приштина.

Муслиу во Вардар пристигна како големо засилување и играч кој ќе ја носи одбраната во иднина на клубот, но од раководството на актуелниот шампион на Македонија му понудија договор во кој има опција доколку пристигне понуда од странство истиот да си замине од клубот.

Тоа го искористи тетовска Шкендија која очигледно во договор со тимот на Приштина направи зделка која и тоа како ќе им биде од корист. Косовскиот клуб го купи Муслиу и веднаш го позајми во Шкендија, а по крајот на позајмицата тетовци ќе имаат можност и целосно да го откупат договорот на македонскиот репрезентативец што веројатно и ќе се случи.