Покрај Лапорте, Сити денес носи уште едно засилување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити е блиску до трансфер на младиот и талентиран крилен играч Џек Харисон кој во моментов настапува за сестринскиот клуб на „граѓаните“, Њујорк Сити.

Репрезентативецот на Англија до 21 година импресионира со игрите во тимот на Њујорк оваа сезона и за него покрај Сити постоеше интерес и од неколку други екипи од Премиер лигата и Чемпионшип дивизијата.

Трансферот би изнесувал околу четири милиони фунти, а Харисон веднаш ќе биде испратен на позајмица во редовите на Миделсброу.

Интересно е што Харисон потекнува од академијата на Манчестер Јунајтед каде играл од 2003 до 2010 година.