Официјално: Лапорте нов играч на Манчестер Сити


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тоа што се шпекулираше во последните денови денес доби и официјална потврда. Ајмерик Лапорте е нов играч на Манчестер Сити и во клубот доаѓа за рекордни 57 милиони фунти.

Францускиот интернационалец со Манчестер Сити потпиша договор до 2023 година и на неговата презентација изјави: „Многу сум среќен што дојдов тука. Сити е клуб со голема амбиција и е еден од најдобрите тимови во Европа. Со нетрпение очекувам да работам под палката на Пеп Гвардиола и да се обидам да помогнам на клубот да постигне успех.“

Ајмерик Лапорте  ешесто засилување за Манчестер Сити за оваа сезона, прво во јануарскиот преоден рок.

Во текот на денот или најдоцна до утре треба да се потврди трансферот и на перспективниот крилен фудбалер на Њујорк Сити, Џек Харисон.