И Абутовиќ го напушта Вардар по крајот на сезоната


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Искусниот ракометар Илија Абутовиќ од следната сезона ќе ги брани боите на Рајн Некар Левен откако денес стави потпис на договорот со германскиот клуб.

Абутовиќ кој е специјалист за одбрана заедно со Милиќ и Столе Стоилов се играчите кои имаат најдолг стаж во Вардар играјќи за клубот уште пред тој да биде преземен од Сергеј Самсоненко.

Илија Абутовиќ ќе му се придружи на нашиот ракометен бисер Филип Талески во редовите на клубот од Мајнхајм и треба да биде од голема корист за дефанзивата на тимот на Николај Јакобсен.

Абутовиќ е четвртиот играч кој си заминува од шампионската генерација на Вардар. Трансфери до сега имаат договорено Циндриќ,  Марсениќ и Штербик, а од клубот ќе си замине и тренерот Раул Гонзалез.