Евертон купува дефанзивец од Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се очекува во текот на денешниот дек Евертон да го комплетира трансферот на Елиаким Мангала од редовите на Манчестер Сити.

„Скај Спортс“ пренесува дека Мангала кој пристигна во Манчестер од Порто за 32 милиони фунти во 2014 година ќе се приклучи на „карамелите“ како позајмен играч.

Евертон планира да потпише договор кој делува на левата страна кај централните дефанзивици. Решението е пронајдено во Сити кој ќе го пушти Мангала да замине откако вчера го комплетираа трансферот на Ајмерик Лапорте во Атлетик Билбао.

Мангала се очекува да биде трето засилување во јануарскиот преоден рок за Сем Алрдајс по Ченк Тосун (27 милиони фунти) и Тео Волкот (20 милиони фунти).