Пеколниот план на Перез: Еве како планира да го доведе Де Геа во Реал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Претседателот на Реал е спремен на се само да го доведе Давид Де Геа во својот клуб. Наводно, тој веќе и го има спремено планот за како да го изведете сето тоа.

Како што наведува El Confidencial, Кралевите се спремни да го искористат најдобрио фудбалер на светот Кристијано Роналдо. за во своите редови го доведат голманот на Манчестер Јунајтед.

Реал веќе со години пробува да го доведе шпанскиот чувар на мрежата. Многу блиску беа до трансферот во 2015. година, но поради процедурални грешки на крајот трансферот се стопираше, па Де Геа остана на Олд Трафорд.

Три години подоцна, тимот од Мадрид и понатаму сака да го доведе фантастичниот голман.

Роналдо исто така одамна се поврзува со враќање на Олд Трафорд. Сепак, засега тимот од Театарот на соништата не е заинтересиран за неговите услуги, но до летото многу работи можат да се случат.

На двајцата фудбалери агент им е Мендес, а тоа ќе игра сигурна улога во потенцијалната размена, за која Перез и тоа како е спремен.