Озил импресиониран од јануарските трансфери, останува во Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот ден може да биде фантастичен за фановите на Арсенал и покрај вчерашниот разочарувачки пораз од Свонси.

Имено, Пјер Емерик Обамејанг денес ќе биде презентиран како нов фудбалер на „топчиите“, а од Германија стигнува уште една вест која ќе ги израдува фановите на Арсенал.

Според „Билд“, Месут Озил се согласил да го продолжи договорот со клубот откако бил импресиониран со јануарските трансфери кои ги донесе Арсенал.

Арсен Венгер го продаде својот најдобар играч Алексис Санчез, но за возврат го доби Хенрик Микитаријан кој според многумина многу лесно ќе се вклопи во играта на „топчиите“. Денес ќе биде презентацијата и на Габонецот, Обамејанг со што Арсенал ќе створи пеколен напад предводен токму од Озил кој треба да дистрибуира топки токму до Обамејанг и Лаказет.