Легендарниот Федерер нема планови за продолжение од сезоната


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се` уште не знае на кој турнири ќе игра оваа сезона.

Популарниот Федекс го одбрани трофејот на Австралија Опен и тоа откако во финалето го победи Марин Чилиќ со 3-2 во сетови. Иако има 36 години, тоа на Федерер не му пречи повторно да го покаже својот квалитет.

Тој моментално размислува дали ќе игра на турнирот во Дубаи, а освен тоа не е сигурен ни за сезоната на земја.

„Преговарам со организаторите во Дубаи. Кога започна Австралија Опен, се запрашав дали би можел да донесам одлука по неговото завршување. Тоа беше совршено сценарио за мене затоа што по турнирот ќе знаев како се чувствувам“, вели тој.